ДИК се прогласи за ненадлежна по барањето на Чулев

Државната изборна комисија едногласно го отфрли како недозволено барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, во кое тој бара членовите на највисокото изборно тело во државата да го толкуваат членот 46 од законот за влада и неговите надлежности.

Членовите на ДИК истакнаа дека тие не се овластени да даваат мислења, ниту оценки на законитоста на законите и упатија дека автентично толкување на членови на закони може да даде само собраниската законодавно – правна комисија.

ДИК заклучи дека барањето се отфрла како недозволено и не претставува акт поврзан со изборите.

Чулев бараше државната изборна комисија да се изјасни дали сите одлуки во тие оддели на МВР треба да се носат со врзани потписи или пак врзани потписи се потребни само за одлуките поврзани со изборите.

Претходно директорот на бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски преку телеграма до сите единици во МВР наредил да се почитуваат само одлуките со врзани потписи онаму каде има и началник и дополнителен заменик-началник.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ