ДИК: Прекинати сите дејствија поврзани со изборите

Прекинати се сите дејствија за спроведување на праламентарните избори. Оваа уредба синоќа ја донесе Владата заради вонредната состојба прогласена за ефикасно спречување на ширење на коронавируот и  заради тоа што Собранието на Република Северна Македонија не се состанува за да ја поништи одлуката за распуштање. Владата  ја задолжи  Државната изборна комисија да ја обезбеди и чува постојната изборна документација се до спроведувањето на изборните дејствија. ДИК денеска се состана за да ја спроведе одлуката.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ