ДИК очекува фер и коректен втор изборен круг

Државната изборна комисија не очекува никакви проблеми ниту во вториот круг на гласањето за претседател на државата. Веќе се доставени изборните материјали до сите изборни комисии, а денеска беа прифатени и сите приговори на граѓани кои се болни, а на кои во првиот круг не им било дозволено да гласаат. Утре ќе гласаат 4.540 лица пријавени како болни и немоќни, 1.640 затвореници, како и седум раселени лица. Од комисијата апелираа и до граѓаните и до партиите, да направат се, изборниот ден да заврши фер и коректно.

Дерковски информираше дека, во првиот дел од кампањата, на медиумите им се исплатени 48 милиони денари, согласно нивните медија-планови. Во вториот дел очекува сумата да биде повисока. Денеска беа прифатени и сите барања за акредитации на домашни и странски медиуми и набљудувачи. Изборите ќе ги набљудуваат 3.380 домашни и околу 520 странски набљудувачи, како и 60 странски новинари.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ