
ДИК не му дава мислење на Наќе Чулев, му порача дека е на погрешна адреса
Толкување на законите не е работа на Државната изборна комисија. Ваква одлука донесесоа денеска едногласно, членовите на ДИК после барањето за мислење од техничкиот министер Наќе Чулев. Тој имал недоумица како да го протолкува законот за Влада во делот за врзаните потписи. Тонско Борис Кондарко – член на ДИК Тонско ОЛивер Дерковски – претседател на дДИК Вчера Телма објави дека министерот Чулев ќе бара мислење од ДИК дали сите одлуки во МВР треба да се носат со врзани потписи или само оние кои се поврзани со избори. меѓу нив се и оние поврзани со а функционираањето на начаниците и диполнителните заменици, или пак на пример за акции за лов на криминалци дали се потребни два потписа. Во барањето тој го бара мислењето за членот 46 став 3 од законот за влада.
„Технички министер во МВР Дали наведената одредба се однесува воопшто за сите акти, вклучувајќи ги и оние во рамки на секојдневните активностиод утврдениот делокруг на надлежности на МВР или истата се однесува само на разгледување и потпишување на акти кои се однесуваат на правните финансиските и кадровските прашања поврзани со организацијата на изборите“.
Бидејќи сите органи на МВР покрај изборните имаат и голем број на други обврски поврзани со превенција и сузбивање на криминал, а двојните потписи може да ја успорат редовната активност на полицијата, беше ваквото барање на Чулев бара ДИК да пресече. Сепак ДИК му порача дека е на погрешна адреса и дека само законодавно правната комисија во собранието може да го толкува ова. Претходно ДИК исто така рече дека е ненадлежна при назначувањето на началник на СВР СКопје.
Билјана Николовска