ДИК ќе ги санкционира партиите кои ќе водат црна кампања  

ДИК нема да дозволи изборната кампања да стане валкана. Оние партии кои нема да се однесуваат одговорно  ќе бидат казнети согласно одредбите од Изборниот Законик. Ќе се мониторираат сите собири и јавни настапи, ќе се утврдува злоупотреба на буџетските средства. Во сузбивањето на црната кампања ќе бидат вклучени и Антикорупциската комисија и Државниот завод за ревизија.

Сите учесници во изборниот процес ќе бидат повикани да го потпишат кодексот за фер и демократски избори.

Најавата за валкана кампања се актуелизираше деновиве откако техничкиот премиер Оливер Спасовски изјави дека очекува ова да биде една од најцрните кампањи во историјата на државата.СДСМ го обвини ВМРО ДПМНЕ за лажни вести и медиумска пропаганда. Опозициската партија возврати дека не се почитува Пржинската влада и дека има индиции за поткуп. Побараа од ОБСЕ засилен предизборен мониторинг.

Предвремените избори ќе бидат и тест за одлука за почеток на преговори со ЕУ.Само преку  позитивна кампања ќе се отворат портите на унијата. Секоја реторика која оди во погрешна насока ќе биде на штета на граѓаните, порачаа на неколку наврати меѓународните претставници.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ