
ДИК изгласа дека не е надлежна за барањето на техничкиот министер Чулев
Државната изборна комисија изгласа дека не се надлежни да одлучуваат по барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за мислење во врска со одлуката за назначувањето на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје.
Членовите на комисијата Борис Кондарко и Елизабета Постоловска сметаат дека тие немаат надлежност да одлучуваат за нешто што е работа на Владата затоа што ова прашање не е поврзано со организација на избори. И порачаа на Владата да го прочита членот 44, според кој министерот има право да врши кадровски промени, и без врзан потпис.
Одлуката не беше потпишана од дополнителната заменик-министерка во МВР Славјанка Петровска, која смета дека Ставрески не треба да биде на таа функција бидејќи за него имало аудиоснимки од кои можело да се чуе дека тој врши притисоци врз гласачи.
Според Чулев, проблематизирањето на изборот на Ставревски за началник на СВР – Скопје е од политички причини и го изразува стравот на критичарите од професионално вршење на активностите.