
ДИК: Изборите треба да бидат согласно Изборниот закон
Избирачкиот список мора да се преработи во согласност со технологијата за негова обработка, која е опишана во Законот и со точно пропишани рокови, е ставот на ДИК, чии членови вчера разговарале со шефот на државата, Стево Пендаровски. Според информациите од ДИК на МИА, членовите на Комисијата изградиле заеднички став дека сите одлуки што треба да се носат во врска со предвремените избори и продолжување на изборниот процес во контекст на мерките за коронавирусот треба да бидат согласно Изборниот законик и постоечките закони. Тие сметаат дека Владата мора да донесе правен акт по кој Комисијата ќе постапува во којшто ќе бидат вклопени и активностите поврзани со Избирачкиот список.