
ДИК го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ, Андонов е градоначалник на Ново Село
Никола Андонов од СДСМ останува Градоначалник на Ново Село. ДИК по отварањето на гласачката кутија и пребројувањето на ливчињата го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ со кој се бараше да се поништи гласањето на местото 1789.
Разликата во добиените гласови беше 19 и доколку се утврдеше каква било неправилност тогаш ќе имаше прегласување во ова избирачко место затоа што можеше да влијае на зиборниот резултат.
Во записникот било наведено дека избирачкиот одбор пет пати пребројувал и не можел правилно да изброи.
ДИК одлучи да се отвори гласачката кутија.
Службите повторно броеја но бројките беа различни. На сцена стапи претседателот на комисијата Оливер Деркоски кој лично ги преброи гласовите и утврди дека бројот на потпишаните гласачи се совпаѓа со бројот на ливчињата во кутијата.
Се побара одговорност и од избирачкиот одбор и од општинската изборна комисија.
ДИК ги прифати приговорите на Вмро ДПмне кои се однесуваат на претседателските избори на избирачки места во Куманово, Радовиш, Сарај и Шуто Оризари.
Гласањето таму е поништено но прегласување нема да има затоа што нема да влијае на изборниот резултат.
Јулијана Пешевска