
ДИК го отфрли барањето на Чулев за укинување на решението за нов началник на СВР Тетово
Државната изборна комисија го отфрли барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев да биде укината одлуката на Владата која го поништи неговото решение за назначување на началник на СВР Тетово.
Членовите на ДИК посочија дека со вакви партиски препукувања се доведува во прашање функционирањето на Техничката влада која треба е да ги организира изборите.
Најавија и дека по изборите ќе иницираат измени на законот со цел да се укине техничка влада според Пржинскиот договор.