ДИК: До 9 часот гласале 2,45% во 71 обработени избирачки места

До 9 часот од обработени 71,53% од избирачките места каде гласале 2,45%, соопшти ДИК. Во скоспката населба Аердором, до 9 часот гласале 2,73%, во Центар 3,92%, Битола 2,79%, во Гевгелија 3,75%, во Кичево 1,75%, во Куманово 3,10%, во Крушево 3,18%, Пехчево 5,17%, Струга 2,36%, Струмица 2,29%, во Тетово 2,21%, и во Штип гласале 3,36% од вкупниот број на избирачи.

– Досега до ДИК доставени се вкупно три приговори за заштита на личното избирачко право и сите три приговори се одбиени како неосновани, изјави портпаролот на ДИК Љупко Гугучевска.

Гугучевска појасни дека сите три приговори граѓаните ги поднеле до ДИК затоа што не биле запишани во изводите од Избирачкиот список. Еден од приговорите е одбиен како неоснован бидејќи, како што рече, граѓанинот имал поништено живеалиште од страна на МВР. Вториот граѓанин немал важечки документ за лична идентификација, додека третиот пријавата за гласање во странство не била доставена до ДИК.

Во овој процес гласачите имаат право на два вида приговори за заштита на личното избирачко право и приговори за постапката за гласање и сумирање и утврдување на резултатите. Овие приговори гласачите можат да ги поднесуваат на образец што може да се подигне на секое гласачко место или елекронски на веб-апликацијата.

Таа додаде дека во функција е и бесплатната телефонска линија 0800 555 44 преку која граѓаните можат да пријавуваат неправилности или да поставуваат прашања до ДИК.

Портпаролот на ДИК информира дека резултатите од вчерашното гласење во казнено-поправните домови, ДКП-та, на болните и раселените лица до 19 часот, официјалните податоци ќе бидат соопштени на веб-страницатра на ДИК.

Следната прес-конференција на ДИК е во 11:30 часот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ