
ДИК: До 18:30 часот излезноста е 34,09 проценти, излегле 620.077 гласачи
Излезеноста на граѓаните на денешниот референдум до 18:30 часот излезноста е 34,09 проценти, од обработени 84,85 проценти, соопшти претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
Денот се одвива во истата атмосфера како и досега и сакам да се заблагодарам на граѓаните за демократската атмосфера, рече Деркоски на прес-конференција.
Најголем дел од приговорите за кои решавале во ДИК биле за граѓани кои од различни причини ги нема во Избирачкиот список.