ДИК бара дополнителни протоколи за гласање поради Корона кризата

Без здравствени протоколи нема избори – е новата пречка за одржувањето на претстојните предвремени парламентарни избори. Не е доволно да се испорачаат два листа препораки за држење дистанца и задолжително носење маски , бидејќии на денот на изборите 35 илјади ангажирани лица од ДИК ќе треба да пречкаат еден милион луѓе на гласачките места, е ставот на претседателот на дик Оливер Дерковски.

И средбата со комисијата за заразни болести и испратеното барање не го дало посакуваниот одговор од комисијата за заразни болести за да можат го планираат начинот на кој ќе се заштитат гласачите од пандемијата.

Уште позагрижувачка е состојбата со лицата во самоизолација од кои најголем дел се позитивни. И нивните гласачки ливчиња ќе се слеаат во купот за пребројување истата ноќ, реагира Дерковски.

Неофицијално ДИК веќе е поделен на две струи, ЗА и ПРОТИВ избори без протоколи, но со препораки. На располагање на државната изборна комисија се стави и министерот Венко Филипче, кој очекува ов наредниот период да се намдинат сите пречки за да може комисијата да работи непречено.

На последната седница ДИК го отвори и прашањето дали навреме ќе може да обебзди доволно големи простории за избирачките одбори.

Од 348 објекти, 700 се под наем и не ги исполнуваат критериумите за држење дистанца.

Владата терен за избори подготви минатата недела и со уредба го задолжи министерството за здравство, според утврдените протоколи од Комисијата за заразни болести, за потребите на изборите, а по добиени податоци од Државната изборна комисија, да обезбеди заштитни маски, ракавици и друга потребна заштитна опрема за сите членови на изборните органи и средства за дезинфекција за секое избирачко место работи Наќе Чулев.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ