
DIGITAL MENU – Прво инклузивно дигитално мени со апликација и платформа за сите лица вклучувајќи и лица со попреченост
Digital Menu е победничко решение на натпреварот “Generation Unlimited” со поддршка од UNICEF & Telekom и како такво се прво решение кое има за цел да ги обедини сите ресторани желни за дигитализација и дополнителна промоција како и да ги вклучи сите олеснувања за користење на менито за лицата со попреченост.
Digital Menu е инкузивно решение за мени и е уникатно поради вклученост на знаковно видео и модерни технички дигитални прилагодувања кои го олеснуваат пристапот и читањето на менито и состојките од понудената храна и пијалок за секого, вклучувајќи ги лицата со попреченост но и сите оние граѓани заинтересирани за похигиенски услови, нарачки и секако локали, кафичи и ресторани заинтересирани да намалат трошоци за принтање на мениа.
Во овој период, тимот со цел да допринесе за дигитализација и помош на рестораните, ја нуди бесплатно.
Целта на оваа апликација покрај помош и достапност за сите лица им е и да обезбедат и повеќе работни места за лица со попреченост.
Ретки се луѓето како овој тим зад Дигитално Мени, кој и покрај тоа што дел од нив се лица со попреченост и останати работни обврски, се трудат да направат добро за својата околина и останатите и почитуваме ваков пример кој треба да го следат сите останати.
За повеќе информации во врска и со Digital Menu, погледнете ja нивната FB-страница, Instagram-профил и промотивното видео каде што е подетално објаснето како функционира апликацијата и самата платформа – digitalmenu.mk.
https://www.facebook.com/DigitalMenuMindBenders/videos/224913401940520/