Дибиров во идеалниот тим, Марсениќ го има вториот најубав гол

Тимур Дибиров и Мијајло Марсениќ се двајцата ракометари на Вардар кои добија индивидуални признанија по завршувањето на 12. коло во Лигата на шампиони. Дибиров со 11 голови го предводеше европскиот првак во домашниот триумф над Пик Сегед (34:30) и заслужено се најде во иделниот тим на левата крилна позиција во изборот на Медиа тимот на ЕХФ.

Пикерот на „црвено црните“ Марсениќ исто така имаше забележителен настап со два гола од кои еден е прогласен за втор најубав од топ 5 во викенд колото.

Идеалниот тим на 12. коло од ЛШ:

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)

Среден бек: Раул Ентрериос (Барселона)

Десен бек: Албин Лагергрен (Кристијанштад)

Десно крило: Никлас Екберг (Кил)

Пивот: Игор Аниќ (Целје)

Голман: Родриго Коралес (ПСЖ)

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ