Ди Мајо ги поздрави обидите за носење на законот за ЈО

Обидите да се донесе законот за јавно обвинителство во рамки на напорите на земјата во борбата против корупцијата ги поздрави денеска шефот на италијанската диполоматија Луиџи ди Мајо, кој по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција напомена дека ниту една земја не може да се пофали со високо ниво на темата – борба против коруција.

Без разлика дали станува збор за стара или нова методологија на преговарање, отворањето на преговорите не смее да се забави, бидејќи тука се работи само за политичка волја, порача шефот на италијанската дипломатија, одговарајќи на новинарско прашање и нагласи дека да дава гаранција за брзината со која ЕУ ќе ја донесе новата методологија е многу амбициозна работа.

Да ја гарантираме брзината со која ЕУ ќе се движи тоа е многу амбициозна работа. Ние сме 27 држави, сите треба да одлучат, но нашата заложба е во правец сето тоа да биде што е можно побрзо – значи, за новата методологија и за отворање на преговорите. Дали методологијата е стара или нова сепак клучната точка е дека не смее да се забави отворањето на преговорите, бидејќи тука се работи само за политичка волја, рече Ди Мајо и додаде дека доколку земјите кои се основачи на ЕУ се соединети и се компактни значи дека може да започне едно ново поглавје за граѓаните на Северна Македонија.

Димитров се надворза дека земаќи ги предвид искуствата од јуни 2018, јули 2019, октомври 2019 би било прехрабро да се даде прогноза.

Сведоци сме дека во изминатите година и пол бевме мошне близу до успех и валоризација на заедничките напори за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија. Веруваме дека донесувањето на оваа заслужена одлука за мојата држава ќе даде натамошно охрабрување на реформските процеси, воедно ќе ги зачува значајните достигнувања, но и кредибилитетот и влијанието на гласот и на политиката на ЕУ во нашите. Затоа ние разочарувањето од немањето одлука во октомври го претворивме во нов мотив, во стимул сите чинители во државата да работат уште понапорно и попосветено на нашето реформско досие имајќи предвид дека евроинтеграцијата е суштински елемент кохезивен во нашето општество, додаде тој.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ