Џошуа го нокаутира Поветкин и ја одбрани титулата во тешка категорија
Ентони Џошуа ја одбрани титулата во тешка категорија откако го совлада Александар Поветкин со технички нокаут во седмата рунда. Британскиот боксер 22 победа во професионалната кариера од исто толку борби или 21 со нокаут ја оствари на „Вембли“ во Лондон и остана сопственик на појасите во ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО верзиите.
Непоразениот Џошуа го имаше најтешкиот предизвик по Владимир Кличко пред една ипол година. По бавниот старт во борбата му беше потребно време да влезе во ритам бидејќи 39-годишниот Руски боксер беше рамноправен противник и на моменти подобар во претходните шест рунди. Сепак на почетокот од седмата рунда со два прецизни крошеа Џошуа го собори на подот и го реши спектакуларниот мечот пред 80 илјадната публика на „Вембли“.
Поветкин го доживеа вториот пораз или прв со нокаут од 35 те борби во професионалната кариера за кој заработи шест милиони фунти, додека на победник Џошуа ќе му припаднат 20 милиони фунти.
По мечот Џошуа влезе во соблекувалната на Поветкин и му се заблагодари на Русинот за добрата борба, воодушевувајќи ја јавноста со овој невообичаен потег.