Џолев: Нема одговорност кај судот за бегството на Груевски

Нема одговорност кај судот за бегството на Груевски, одговара претседателот на Кривичен, Иван Џолев на обвинувањата од извршната власт. Судот не може самоиницијативно да определи притвор. Или треба обвинителството да побара или пак Груевски да не ги почитува мерките на претпазливост односно да не се јавува редовно во судот за да му биде определена построга мерка како притвор. Ниту едното ниту дуругото не се случило до сега за случајот „Тенк“, вели привот човек на Кривичен.

Премиерот Заев  вели дека и судот и МВР  постапиле како што постувале и до сега кон секој друг граѓанин. Отфрла дека ваквиот исход е резултат на политички пазар.

И министерката Шекеринска го впери прстот кон судот. Прашува како лесно судовите определувале притвори за поситни дела, а за „бомбите“ и овие злоупотреби тешко се одлучува за притвор.

Потерницата ја распишавме веднаш штом се создадоа законски услови за тоа, вели Џолев. Се согласува со министерот Спасовски дека МВР постпаува по наредби на суд но го потсетува дека полицијата може да реагира и во други ситуации.

Последен пат Груевски дојде во суд минатата среда на „Титаник“. За утре има ново рочиште но извесно е дека неговото столче во Кривичниот суд ќе остане празно.

Елена Ивановска Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ