Џолев го прифатил второто барање на судијата Туфегџиќ да не им суди на организаторите за 27 април

Судијката Дијана Груевска Илиевска од предметот за Ласкарци ќе го пополни местото на судијата Владимир Туфегџиќ, како втор судија во советот што ќе има суди на екс функцонерите Трајко Велјановски, Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски, обвинети како организатори на 27 април. Прв судија е Илија Трпков познат од предметот Ровер но и сообракајката кај Универзална во која загина студентката Фросина. Тој со распоредто за 2020 е префрлен во организиран криминал а Илиевска се уште суди во одделот кривично полнолетни и влегува во овој предмет бидјеки сите останати судии за организиран криминал се изземени затоа што одлучувале во некоја фаза од постапката или од други причини. Џолев еднаш  одбил да го изземе судијата Туфегџиќ но откако добил известување од обвнителството дека неговата ќерка, пратеничката Ивана Туфегџиќ давала исказ како оштетена за упадот во Собранието второт барање го одобрил.

-После соодветна проверка со Обвинителството за организиран криминал, упатуваа дека новото барање за изземање на судијата Туфегџиќ е основано и е уважено. За нов член на судечкиот совет е назначен , судијката Дијана Груевска Илиевска. Таа е определена врз основа на три критериуми – стажот на судијата  има големо работно искуство, таа е судија кој има искуство и во Одделението за организиран криминал и членот 36 став 6 од Законот за крвична постапка, изјави Џолев

Груевска Илиевска во минатото го судеше и предметот Поткуп против лидерот на СДСМ Заев но по смената на претседателите, Џолев ја распореди од организиран криминал во кривично полнолетни каде се уште суди. Претходно таа беше дел и во советот што судеше Ликвидација против Кежаровски а извесен период беше и заменик на поранешниот претседател Панчевски.    Судењето за организаторите на 27 ми  е закажано за 21 февруари.

Џолев на брифингот со новинарите потврди дека судијата Ѓоко Ристов кој неделава беше избран за во апелација за сега останува да го суди предметот Тотал против Латас. Ќе почека додека да помине жалбената постапка во која неизбрнасите судии можат да се жалат на изборот на Ристов, Зимобовска и Ајрулахи. Неофицијално неколку мина судии најавувват жалби , но до Судски совет за сега нема пристигнато ништо. Рокот е 8 дена од примањето на одлуката.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ