
Џељал Бајрами реферира кај Али Ахмети за масакрот кај Смилковското езеро
Десетина дена по масакрот крај смилковското езеро информации од свои сопратијци барал и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Уловен со посебни истражни мерки во порака прашал, а тогашниот министер Џељал Бајрами му одгворил во на мобилниот телефон дека убијците се професионалци.
- Чекаме претседателе, нема многу јаки докази. Јасно се гледа дека биле професионалци. И на премиерот му реков. Не се случувало вака да егзекутираат деца од зад грб. Ова го немаше ниту во војната во Косово, ниту во војната во 2001 година. Ако некој сакал дестабилизација ќе нападнел униформирани лица, полициска станица… Мене ми наликува на сцени од војната во поранешна Југославија. Биле професионалци, не оставиле никакви траги, освен на трагите на гумите од автомобилот, му вели Бајрами на Ахмети.
Во првите неколку илјади транскрипти колку што беа презентирани и обвинеите меѓусебно си пишуваат, а одново се слушнаа крунскиот доказ на претходната обвинителка Гордана Гешковска кога обвинетиот Алил Демири ототгаш во бегство на друг соговорник му кажува дека „батакот му се погодил мрсен“ што,пак, е толкувано во обвинението дека Демири немал смелост да убие едно од момчињата, па му помогнал друг. Следната порака во судницата е исто така вметната како доказ во првостепната пресуда – доживотен затвор во делот каде завршило оржујето со кое пукале убијците.
- Го фрли ли бурето“ ? Да ! Го фрлив во каналот.“
Роднините на убиените момчиња нестрпливо чекаат да чујат докази дали зад овој немил настан стоеле виоски полициски и партиски функцинери. Затоа, пак, пристуните во продолежение на денешното рочиште ги слушаа преписките на тогашната минситерка за внатрешни и нејзиниот портпарол кои се назадовлни од исвестувањето на медиумите во 2012-ословувајќи ги со навредливи зборови. Разговорите се дел од 133- те илјади пишани докази кој екс специјланите обвинители Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи ги испорачаа во судот откако го превземаа предметот „Монструм“ кој заврши со пресдуа дожвотен затвор, а беше вратен на повторено судење.
Павле Беловски