Џејн Литвиненко: Многу политички или емотивно напишани текстови се лажни вести

„Вистина, лаги и лајкови“, беше темата на вториот Истражувачки филмски фестивал, што деновиве се одржа во Скопје, во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи. Меѓу странските учесници беше новинарката Џејн Литвиненко од Канада, која зборуваше за пронаоѓањето на разликата меѓу фактите и лажните вести. Според Литвиненко, текстовите во кои има многу политика или емоции, се лажни вести.

Текстовите кои се напишани многу политички или со многу емоции, се лажни вести, вели Џејн Литвиненко, новинарка од американскиот медиум и портал BuzzFeed News, со седиште во Торонто. Според неа, постојат два начини за нивно разоткривање.

  • Едниот начин е, да отидете на почетокот од веб страницата, каде што сте ја прочитале веста. Ако се ви изгледа многу политички или многу емотивно, напишано… Емоциите, особено гневот или навредите, се број 1 причина да запрете и да речете: „ Еј, некој ме насамарува тука! “ Другиот начин е, се разбира , да се провери на Ако големите медиумски организации не го покриваат тоа што сте го прочитале , што вреска : Ефтина стока, некој е уапсен, некој го кажал тоа !“ Ако никој не го напишал, тоа веројатно не е вистина, вели Џејн Литвиненко- новинарка во BuzzFeed News.

Литвиненко , чија кариера е насочена кон теми за дезинформациите на интернет, ширењето лажни вести и други измами во дигиталниот простор, вели дека тие се шират и преку фотографии.

  • Исто така, гледаме многу фотографии кои споделуваат дезинформации. И едно од нештата што можете да ги направите, е со обратно пребарување на фотографиите.  Со десен клик на Google images, ќе видите: „Еј, овие фотографии се од 2012 година, но некој ми кажа дека фотографијата била земена денеска“. Можеби не се веродостојни. Всушност, денес повеќе се споделуваат фотографии од текстови, вели Џејн Литвиненко- новинарка во BuzzFeed News.

Според Литвиненко, лажните вести се шират од комерцијални и од политички причини.

  • За многу нешта што ги гледаме , реагираме : „ О, не, се случила голема сообраќајна несреќа, во центарот на вашиот град !“ Тоа се вести направени заради финансиска корист. Другиот тип лажни вести, се политички мотивирани. Луѓето во Америка, на пример, Демократите и Републиканците, или луѓето од било која политичка партија се обидуваат да ги промовираат нивните пораки, да соберат подржувачи од страна. Не со вистина, туку со сто процентни лаги во кои има и реалност. Но, тие се напишани така што новото во веста е целосно изгубено, а емоциите на читателите се на мета, вели Џејн Литвиненко- новинарка во BuzzFeed News.

Лажни вести ќе има и во иднина, смета Литвиненко. Затоа најдобро е, новинарот да знае од каде доаѓа веста, а читателите да ги користат медиумите и текстовите од новинарите, на кои најмногу им веруваат. Помош за дезинформирањето на интернет, се очекува и од Google, Facebook или Twitter, кои последниве години се на удар на владите и на граѓаните, дополнува Џејн Литвиненко.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ