
Џефери го потпиша Законот за употреба на јазиците
Законот за употреба на јазиците, со потпис на собранискиот спикер е објавен во „Службен весник“. На Фејсбук профилот на Талат Џафери на македонски и на албански јазик пишува:
„законот за употреба на јазиците и во службен весник“.
Ова значи дека законот и официјално стапува на сила, односно дека покрај македонскиот во институциите службен јазик станува и албанскиот јазик, што ќе се применува во комуникацијата и во сите постапки на граѓаните пред сите органи што ја сочинуваат државната власт. Законот ги обврзува судовите, да овозможат користење на кој било од службените јазици во своите постапки. Сите закони и други акти донесени од Собранието ќе бидат објавувани на македонски и на албански јазик, исто како и владините одлуки.
Двојазичност ќе има и на униформите на државните службеници во Скопје и во другите градови каде Албанците се присутни со над 20 отсто од населението.
На албански јазик ќе бидат достапни и поштенските марки, уплатниците, извештаи, фактурите, како и Книжните и кованите пари.
Уште во октомври Џафери рече дека законот за јазици ќе биде објавен во службен весник.
„Тоа не е прашање на моите ветувања, тоа е прашање на моите уставни обврски. Не зависно кога тоа ќе се случи“, рече тогаш Џафери.
Челниците на ДУИ синоќа на Фејсбук го прославија објавувањето на Законот. „Ветивме, остварувме“, напиша Ахмети.
Бујар Османи пак, напиша „Каков почеток на годината горд сум што сум соработник на Ахмети“.
Овој закон, што два пати беше изгласан во собранието минатата година, претседателот на државата Ѓорге Иванов одби да го потпише, со образложение дека е противуставен.
Соред опозицијата објавувањето на законот за јазици во „Службен весник“ без потпис на Иванов е „кривично дело кое не застарува и за кое следува казна затвор“.