Џафери: Собранието не може да се собере, предлог-одлуката на Владата за прогласување вонредна состојба ќе ја преупатам кај Пендаровски

„По консултациите со политичкиот врв за оценка на состојбата во однос на корона вирусот и бидејќи не постојат услови за одржување на превремени парламентарни избори, Собранието не може да се собере и да одлучува во име на граѓаните“, истакна собранискиот претседател Талат Џафери.

Тој истакна дека надлежностите преминуваат на Владата и сите уредби и закони ќе ги носи таа.

„Јас сум во очекување на предлог – одлуката од Владата и истата врз основа на член 125 став 4 од Уставот ќе биде преупатена кај претседателот Пендаровски“, истакна Џафери.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ