
Џафери: Следниот Ден на независност да се слави во Македонија како членка на НАТО
Додека од скопското Кале се слушаа плотуни, во Собранието се собраа голем број на министри, пратеници, дипломати и други јавни личности, на свеченоста по повод Денот на независноста.
Главната порака која вечерва оттаму беше испратена, е следниот 8-ми сеmптември да биде прославен како држава членка на НАТО и во интензивни преговори со Европската Унија. Претседателот на Собранието, во својот говор рече дека, пред 27 години, токму во таа зграда е поставена стратешката цел на државата, а тоа е евроатлантската интеграција.
Потсети дека сите резолуции и декларации се усвоени во Собранието, а тоа го направи и актуелното парламентарно мнозинство, со одлуката за референдум на 30-ти септември. Упати порака и до политичките лидери, пратениците и граѓаните.
Претседавачот со првиот повеќепартиски Парламент, кој направи паралела меѓу референдумот за независност и претстојниот референдум, вели дека, тогаш народот бил единствен и големо мнозинство било „За“, а смета дека ситуацијата и сега ќе се повтори.
Од вечерашната прослава беше испратен и апел до сите што ќе водат кампања, таа да биде позитивна и без навреди и дисквалификации на тие што размислуваат различно.
Далиборка Демјанска