Џафери: Протоколот за НАТО ќе се ратификува до 12-ти февруари, нема потреба од предвремена ратификација

Сега е многу полесна и јасна процедурата за ратификација на протоколот за НАТО, вели собранискиот спикер Талат Џафери, за телма. Очекуваме во најкус можен рок Шпанија да го ратификува договорот, а целата постапка кај нас да заврсши до 12-ти февруари. Во овој момент, вели Џафери, нема потреба да се брза со предвремена ратификација. Владиниот предлог е во процедура, но нема индикации дека е неопходно предвреме да се постапува, вели за Телма, Џафери.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ