
Џафери повика на лидерска средба
Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре повика на средба со лидерите на политичките партии на која тие ќе треба да се изјаснат дали се за избори на 12-ти април.
Џафери ова го соопшти од собраниската говорница, вечерва пред да ја прекине седницата на која требаше да се расправа за Законот за обвинителство.
Џафери револтиран од Фејсбук статусот на генралниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во кој тој постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори.
Инаку, нејасно е зошто се свикува лидерска средба кога седницата за распуштање на Собранието веќе е закажана за недела во 12 часот.