
Џафери: Оптимист сум дека ќе ги премостиме несогласувањата со опозицијата
Претседателот на македонското Собрание не стравува дека Законот за јазиците нема да добие поддршка од 61 пратеник во второто гласање во Собранието, со оглед дека тој веќе еднаш е изгласан. Талат Џафери во вешерашната Топ Тема на Ваша страна рече дека 35.000 амандамни на ВМРО-ДПМНе на законот се политичка одлука за да се блокира Собранието.
„Во второто читање на законот тие поднесоа 85 амандмани, но потоа не се појавија на Комисијата каде требаше да се расправа за нив. Поднесувањето на 35.000 амндамани е политичка одлука за блокирање на собранието доколку почне распарава за нив“, изјави Џафери.
Џафери притоа додава дка Законот е донесен во регуларна собраниска процедура и дека нема во тоа ништо противуставно. Тој притоа на прашањето зошто Законот не беше испратен на оценување до Венецијанската комисија пред да биде усвоен туку потоа одговори дека не постои пропишана пракса, стриктна процедура, нацрт-закон да биде испратен на оценка од Венецијанската комисија.
Спикерот на македонското Собрание е дециден дека ослободувањето од притвор на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не е политички договор за опозицијата да се врати во Собранието.
„Нема политички договор за пуштање на пратениците од притвор. Постои судска постапка и процедура за нивното ослободување од притвор во кои ќе се процени дали постојат услови за тоа“, вели Џафери.
Притоа тој го повика ВМРО-ДПМНЕ ги стави државните пред сопствените интереси.
„Ако сите очекуваме во април да добиеме преорака за датум и до јуни да се заокружат преговороите за името, сметам дека ниту еден зрел политичар нема да се упушти во блокирање на институции. Сите меѓународни инстанци укажуваат дека сега моментот е историски Македонија да го добие тоа што го очекува – членство во ЕУ и НАТО и мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе најде сила да се издигне над сопствените кругови во интерес на државата“, рече Џафери во Топ Тема на Ваша страна.
Тој најави дека ќе свика продолжение на седницата за Законот за јазиците, без оглед дали опозицијата ќе присуствува или не. Сепак тој е оптимист дека ќе се надминат несогласувањата со опозицијата.
Претседателот на Собранието во Топ Тема на Ваша страна беше дециден дека ќе работи на осамостојување на институцијата во делот на финансирањето, собраниските служби и вантрешнотот обезбедување.
„Собранието за да биде посилен контролор вез извршната власт, мора да биде самостојно во секој поглед, а за контрола врз него пак постојат институции пропишани со закон“, рече Џафери.
За комуникацијата со пратеничките групи Џафери вели дека има комуникација со сите.
„Како претседателот на Собранието нормално е да имам повеќе комуникација со опозицијата отколку со мнозинството. Но не сметам дека ми недостасува комуникација со координатор на СДСМ или со неговите заменици. Морам да има мповеќе комуникација со опозицијата“, вели Џафери.
Тој информираше дека денеска нема добиено известување како за промени во парламентарното мнозинство по најавите на премиерот дека се можни престројувања во владеачката коалиција.