Џафери не ја закажал седницата за распуштање на Собранието

Нема седница за распуштање на Парламентот. Џафери не ја закажал бидејќи иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ била поднесена под старото уставно име на државата.

Опозициската партија сега го повикува да постапи  по предлог –одлуката што лично тој ја поднел за распуштање на Собранието, а во која е наведено новото име.

Според СДСМ, со ваквото инсистирање, опозицијата бега од усвојувањето на Законот за јавно обвинителство, а  собранискиот спикер е категоричен дека крајниот рок за распуштање е 16ти февруари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ