Џафери на дијалогот Жан Моне: Да направиме напор и да ги усогласиме ставовите

Во Собранието во тек е третата средба во рамки на процесот „Жан Моне“,  како последен обид за промени во собранискиот деловник, пред распуштањето на Парламентот.  Зад затворени врати, македонските пратеници, под медијација на известувачот на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук  и европратениците Андреас Шиедер и Марион Валсма, ќе се обидат да постигнат договор за деловникот за работа на Собранието.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги повика пратениците да направат напор и да ги усогласат ставовите.

Денес и утре направиме напори да колку е можно повеќе ги приближиме или уште подобро, усогласиме ставовите околу ограничувањето на Конститутивната седница на два дена, календарот на Собранието, надзорните расправи, идејата за дво-третинско одобрување на закони по скратена постапка, изборот на генералниот секретар и секако, можеме да разговараме и за прашањето на промената на името на државата во Член 1, мнозинството за одземање на имунитет на пратеник и друго. Знам дека сте свесни дека се што правиме е во насока на подобрување на функционалноста на институцијата за последователно тоа се одрази и во реалниот живот на нашите граѓани. Секако, тоа е во прилог и на нашите напори за добивање на датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија, рече Џафери.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ