
Џафери ќе распише нов оглас за Антикорупциска комисија
Поништен е стариот оглас за избор на членови на Антикорупциската комисија. Откако новиот закон ќе стапи на сила собранисикиот спикер Талат Џафери е должен да распише нов оглас, во кој ќе ги наведе роковите и критериумите за спроведување на процедурата. Роковите треба да бидат скратени заради претседателските избори. Комисијата за избори и именувања во рок од 10 дена од објавувањето на огласот ќе треба да формира Комисија за селекција на кандидати за претседатаел и членови на Антикорупциската комисија кои ќе ги водат интервјуата.
Комисијата за селекција ќе има 7 членови, по двајца од власта и опозицијата, еден номиниран од Народниот правобранител, претставник на здружението назначен за член во советот за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектори и претставник од областа на медиумите и информатичко општество.
Јулијана Пешевска