
Џафери: Иванов е должен да го потпише Указот
Собранискиот спикер Талат Џафери тврди дека Законот за употреба на јазиците е донесен според процедурата а Претседателот Иванов е должен да го потпише Указот за негово стапување на сила. Доколку тоа не го стори тогаш Иванов ќе ги прекрши уставните одредби, вели Џафери.
И премиерот Зоран Заев преку видеообраќање порача дека Законот е во согласност со Уставот и дека со унапредување на правата за употреба на јазиците не губи нукој, туку напротив се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите.
Претседателот Иванов во синоќешното обраќање рече дека нема да го потпише Указот и нема да дозволи да се загрози уставното уредување на државата преку закон кој е противуставен и донесен надвор од сите процедури.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на законот како и кривична пријава против Талат Џафери поради флагрантно кршење на Уставот и законите.
ВМРО-ДПМНЕ нема да ги напушти преговорите за реформските закони затоа што нивен приоритет е економски подобра, стабилна и евроатланска интегрирана држава.
Јулијана Пешевска