Џафери и координаторите ги договараат неделните активности на Парламентот

Во Собранието на Република Македонија претседателот Талат Џафери одржува средба со координаторите на пратеничките групи на која треба да се утврди редоследот на активности на Парламентот за неделава.

Поради службени патувања на пратениците, Собранието немаше пленарни активности во изминатите две недели. Заостанати се законот за јазиците за кој ВМРО-ДПМНЕ има поднесени 35.569 амандмани, реформските закони за следење на комуникациите, законите за намалување на патните трошоци и друго.

Нема официјални информации околу тоа како партиите ќе го надминат проблемот со блокадата што ја предизвика бројноста на амандманите на Законот за јазиците. Претседателот на Парламентот Талат Џафери пред неколку недели кажа дека се надева на политички договор, но дали има резултат од обидите за постигнување некаков договор ќе се знае откако ќе биде закажана неделната агенда на Парламентот и чекорите што ќе бидат преземени од страна на парламентарните групи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ