
Џафери: Гласав за листата, не за поединци
Собранискиот спикер Талат Џафери не гледа ништо спорно во тоа што неговиот баџанак беше избран за член на Државната комисија за спречување корупција. Вели немал никакво влијание во изборот на членовите и за разлика од претходно, во нивната селекција учествувале повеќе институции и невладини организации.