Џафери: Формирањето на ДИК не може да го доведе во прашање референдумот

Собранискиот спикер Талат Џафери ги повика партиите да престанат да поставуваат услови за избор на ДИК и да ги исполнат сите обврски кои консензуално ги имаат преземено. Разрешница и договор мора да има, вели Џафери.

Доколку партиите не се договорат Џафери има  деловничка можност и механзими да ја свика седницата на Комисијата за избори и именувања, но таа би завршила без успех, затоа што без гласовите на ВМРО-ДПМНЕ нема да може да се обезбеди двотретинско мнозинство за гласање. Но сепак тој е оптимист дека се уште има време за конституирање на ДИК, која ќе треба да го организира референдумот.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму останува на ставот дека прво треба да се донесат законите за финасирање на политичките партии и за Влада па после да се избере ДИК. За СДСМ со ваквиот потег  најголемата опозициска партија прави се со цел да го опструира референдумот. Очекуваат Претседателот на Комисјата за избори и именувања Илија Димовски час поскор да ја закаже седницата и да се одблокира целиот процес.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ