Девојка пронајдена почината во тоалет во трговски центар

Вчера околу 19.30 часот во трговски центар во Скопје била пронајдена мртва жена.

Според МВР станува збор за триесетгодишната А.М. од Скопје чие тело било пронајдено во тоалетите на приземјето во трговскиот центар. Неофицијално станува збор за трговски центар во Карпош 4. Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено за обдукција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ