Девојче се удави во Вардар бегајќи од кучиња скитници

Тричасовната потрага по девојче кое синоќа паднало во водите на Вардар во Гостивар, заврши со трагичен епилог. Телото на 17 годишното девојче било најдено од жители на селото Балиндол, околу 22 часот.

Според информациите екипата на Телма, која е на терен предходно била запрена водата во реката Вардар преку  хидроцентралата Вруток.

Гостиварското јавно обвинителство издаде наредба за обдукција на телото на девојчето.

Според првичните информации се работи за 17 годишно девојче од гостиварското село Здуње. Тоа паднало во водите на Вардар, околу 19 часот во близина на гостиварската болница, откако претходно се обидувало да се одбрани од куче бездомник. Бранејќи се, стигнало до самиот брег на кејот и изгубило рамнотежа и паднало во водите на Вардар.

Сведоци на трагедијата биле минувачи кои повикале помош, по што беше организирана потрага, но и покрај вложените напори не е спасено.

Жител на Балин дол пред камерата на Телма раскажа дека во селото има многу кучиња и дека тој пред некој ден спасил 15 – годишно момче.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ