Девет години затвор и казна од 450 000 евра за Ѓоко Поповски

Девет години затвор и да врати 450 илјади евра колку што ја оштетил државата. Таква е пресудата за случајот на СЈО Триста во кој осуден е поранешниот заменик министер за јавни набавки во МВР, Ѓоко Поповски.

Претходно повеќе од половина час судиката Добрила Кацарска образложуваше зошто донела ваква пресуда. На тендерот за купување на 300 возила имало поевтина понуда, ама додека траел сменети бил критериумите па наместо најповолниот понудувач избрани биле други пет фирми. Ова е противзаконски, а Поповски знаел, но се однесувал недомаќински.

По пресудата Поповски беше однесен во притвор иако до денес се бранеше од слобода. Така одлучи судот откако обвинителката Фатиме Фетаи се посомнева дека е можно да избега. Поповски се правдаше дека има семејство и нема да бега, но сепак заврши во истражен затвор.

За утре  е најавена пресудата за случајот Тенк кај истата судијка и каде обвинет е исто така Поповски. Тој побара да не присуствува на изрекувањето. Но, во тој процес е обвинет и екс премиерот Никола Груевски а тоа ќе биде прва пресуда од петте случаи кои сјо ги води против него.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ