Девет години и четири месеци затвор за Филип Секуловски, убиецот на Мартин Јанушев

Убиецот на Мартин Јанушев призна вина и доби 9 години и 4 месеци затворска казна. Пресудата за Филип Секуловски – Кобра беше изречена денеска во кривичниот суд откако тој го признал делото уште на стартот на судењето.

По ова судот воопшто и не се впуштил во доказната постапка туку веднаш само ги ценел околностите кои можат да бидат олеснителни или отежителни.

Инаку убиството на Јанушев се случи на 3 ноември 207 та година, пред зградата во Аеродром каде живееше жртвата а веднаш откако го стори делото Секуловски побегна.

Во бегство беше речиси две години,  по што сам се пријави и е се уште е во притвор.

Убиството се случи додека беше на викенд од одслужување на друга затворска казна, а шпекулациите беа дека не бил сам, но тоа никогаш не се докажа. Причините поради кои секуловски го уби Јанушев се уште не се познати.

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ