
Детската кардиохирургија ќе остане на клиниката „Жан Митрев“
Јавно-приватно партнерсто во терорија – на хартија договор за проширување на дејноста за операции на срце, кај деца до една година. Ист како и сите останати што ги има потпишано Фондот, се продолжува на секои шест месеци и со ништо не го обрзува Чадиковски да остане во Жан Митрев, но со или без него, болницата продолжува со кардиохирушките интервенции, категорични се здравствените власти.
„Јавно приватно партнерство или договор за проширување на дејноста е само форма, суштината е дека обемот и динамиката на работа на болницата Жан Митрев се зголемени со опрации на срце кај бебиња и истите продолжуваат.“
Чадиковски во меѓувреме ги договара условите за трасфер во Систина, но приватна болница тешко ќе дојде до договор за проширување на дејноста со каридохирушки интервенции, кај деца под една година, каков што потпишал Жан Митрев, велат за Телма, добро упатени извори во случајот. Неговото заминување нема да се одрази врз бројот на операции, со оглед на фактот што и Чадиковски најголемиот број од нив ги вршел со асистенција на лекари од Србија, за кои министертвото, годишно исплаќало над 400 илјади евра, а приближно толку пари и Фондот трошел за операциите на срце кај деца, во странство. Чадиковски на детска кардиохиругрија располагал со буџет од 90 илјади евра, а Жан Митрев согласно договорот за операциите ќе добие 100 илјади евра, или 10 илјади повеќе.
Аџибадем Систина за Телма потврди дека се прецизираат условите под кои Чадиковски ќе го направи трасферот. И оваа болница, како и Жан Митрев, години наназад има договор за карихирушки интервенции со Фондот. Рзаликата е во тоа што со последниот документ Жан Митрев ја проширува дејноста со операции на срце за деца под една година.
Во меѓувреме, за случајот се заинтересираа и антикорупционерите. Ќе испитуваат дали договорот е законски.
Кариодхирургот Владимир Чадиковски по 21 година поминати на Клиниката за детска хирургија, со целиот свој тим направи трансфер во Жан Митрев, но по само шет месеци работа се повлече од приватната болница. Оставката ја депонираше пред десетина дена. Договорот меѓу државата и болницата на Жан Митрев ја шокираше јавноста, со оглед на тензиите и несогласувањата што постоеја меѓу двајцата кадиохирурзи. Нивните колеги се прашуваа како ќе работат под ист кров, но тогаш и тие, и здравстевните власти уверуваа дека ваквиот потег е најдоброто решение за најмалите пациенти со срцеви проблеми.
Весна Дојчиновска