Македонија Децата со дијабетес дискриминирани во училишните клупи
Учениците од II 4 одделение во основното училиште „Климент Охридски“ во Битола и нивнaта наставничка Весна Аврамовска Димитровска, секојдневно се соочeни со серизоен предизвик и борба со болеста на две деца, кои боледуваат од дијабетес тип1. Повеќе од една година сите заедно, во текот на часовите, доживуваат различни ситуации, па учителката ги научила со соодветни знаци и смирено да предупредат дека на нивните другарчиња здравствената состојба им е влошена и им треба помош.
Децата доаѓаат до мене и ми алармираат дека нешто со другарчето не е во ред. Бидејќи ги немаме тие соодветни пенкала кои што ги има во училиштата во светот, ние кориситме мед во краен случај за да се подигне гликемијата или пак да се реагира со корекција ако е висока гликемијата, вели Аврамовска Димитровска.
Аврамовска Димитровска вели дека се соочила често пати со неквалитетен инсулин и мерачи кои што покажуваат големи разлики при мерењето на гликемијата, поради што упати апел до надлежните да обезбедат соодветна и квалитена терапија во училиштата. Но не секаде во школите кај нас има ваква грижа за децата со дијабетес. Голем број од нив се дискриминирани и стигматизирани.
Јас лично познавам дете кое што е исклучено од училиште поради хипогликемии и не оди на школо, што е недозволено во денешено време и не смее да се случува. Затоа дечињата не смеат да се дискриминраат, да нема стигма, да се знае дека тоа е состојба која што треба да се лекува, и ако сите се запознати нема да има поселдици и тие дечиња ќе се вклопат во општеството, вели Мира Младеновска, лекар.
Наставничката Аврамовска Димитровска, заедно со своите ученици, денеска го одбележаа Светскиот ден на дијабетесот со цел да ја подигнат јавната свест за оваа болест, но и да бидат пример како треба да се постапува со овие деца во училиштата.
Емилија Мисирлиевска



