
Децата пронајдени до автомобил се во добра состојба
Децата пронајдени синоќа во автомобил се во добра здравствена состојба, соопштија од Детската клиника. Братот и сестрата, на возраст од 4 и 7 години, биле донесени во 23 часот синоќа во клиниката, запуштени со валкани алишта во свесна состојба, исплашени, лесно дехидрирани, свесни со уредни витални параметри. Докторите ги направиле потребните лабораториски анализи, кои биле уредни и потоа ги рехидрирале. Испишани се во добра состојба.
Во меѓувреме, полицијата ги најде родителите Т.Т. (44) и М.Н. (35), известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.
Двете деца биле оставени во автомобилот со затворени прозорци и врати во населбата Ново Лисиче. Луѓето кои минувале од паркингот ги забележале и јавиле во полиција, која кога дошла морала да ги искрши стаклата за да ги извлечат.