
Децата оставени во автомобил сместени во згрижувачко семејство
Децата кои вчера беа оставени во паркиран автомобил се во добра здравствена состоја и се сместени во згрижувачко семејство. По завршувањето на истрагата од МВР и Јавното обвинителство Центарот за Социјални грижи ќе донесе одлука дали на родителите ќе им се одеземе родителското право.
Од Клиниката за детски болести велат дека двете деца, на возраст од 7 и 4 години биле донесени со возило на итната медицинкса помош синоќа во 23 часот, во свесна состојба, валкани алишта, дехидрирани и исплашени. Мајката ја поминала ноќта со нив.
Целата ситуација се одвивала на паркинг во Ново Лисиче кога случајни минувачи слушнале плач на деца во паркираниот автомобил . Братот и сестрата биле сами и заклучени во возилото. Ги спасиле минувачи кои ги скршиле прозорците, ги извлекле децата и повикале полиција и Итна медицинска помош.
МВР ќе истражува зошто таткото ги оставил заклучени и заминал на забава. Центарот за Социјални работи смета дека во овој момент од интерес на децата е тие да бидат згрижени и добијат соодветна нега.
Јулијана Пешевска