Децата од домот во Визбегово до пред еден месец живееле во очајни услови

Домот Ранка Милановиќ зјае празен. Сите штитеници во него сега се префрлени во куќи во кои најмногу можат да бидат сместени по пет деца.

Но телма влезе во нивниот доскорешен дом за да види во какви услови живееле до сега.

Со еден збор може да се опише она што не затекна овде, очајни услови ни од далеку достојни за едно дете. Заборавените играчки, обувки, љубовните пораки само немо сведочат за тоа каков бил животот во домот.

Се е импровизирано. Дури и дневната соба во која се дружеле едни со други. Но тоа можеби е и најпозитивното катче во напуштениот дом, во кое ги истакнале своите уметнички способности.

Дипломата за најспортисти која ја добиле штитениците додека биле на летување во Струга ги разобличува стереотипите дека тука живееле само проблематични деца.

На проектот на министерството за социјала вчера се спротивставија група граѓани од Визбегово. Тие се први соседи на домот во кој сега се префрлени три деца и кои таму имаат многу подобри услови но и внимание од 20 тина вработени. За соседите пак ваквото решение беше лошо оти стравуваа дека децата ќе им прават проблеми во населбата.

Но  Министерката за труд и социјала Мила Царовска и денеска повтори дека тоа е само предрасуда која се надева дека ќе биде надмината.

Домот Ранка Милановиќ во јавноста стана познат по бегствата на штитениците и случаите со нивно силување. Сега директорката се надева дека бегствата во куќа дом ќе се намалат.

Визбегово е една од двете куќи во кои се сместени децата од Ранка.

После протестот трите деца се вратени назад.

Две од нив се деца без родители додека, едното има семејство кое ретко го посетува.

После протестот на жителите се исплашени дека повторно ке бидат отфрлени од оние со кои треба да живеат.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ