
Децата бегалци од Егејска Македонија не се откажуваат од одземените имоти
Преспанскиот договорот меѓу Македонија и Грција, ниту референдумот за промена името не ги пишмани Македонците од Егејскиот дел. Засега не отстапуваат од над 10.000 тужби кои ги имаат доставено до судот во Стразбур, а со кои си ги бараат имотите, чија процента вредност е околу 10 милјарди евра, ова е ставот на здруженијата, кои се дел од 5-та Светска средба на децата Бегалци од Егејска Македонија.
Децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија денеска имаа средба во штипското село Брест. Македонските здруженија најавија дека прават и нова стратегија по прашањето за имотите, а која ќе ја презентираат во септември.
Викторија Димитрова Јованова