
Децата бараат услови за да останат во земјата
На Светскиот ден на детето, децата си ги кажаа проблемите. Сакаат подобри услови за да останат да живеат и да работат во земјава, бараат здрава и чиста животна средина, се спротивставуваат на насилството во училиштата. Седнати на заедничка маса со речиси половина владин кабинет гласно го кажаа својот став. Стефан Митиќ, младински активист вели дека секој ден вози велосипед до секаде и праша што прават властите за заштита на околината?
Одговор стигна од министрите кои внимателно ги слушаа. Деца, не е лекот да си заминете од земјата – им порача министерот за здравство.
Но, загрижувачки бројки стигнуваат од канцеларијата на Народниот правобранител. Годинава урнати се рекорди во кршење на детските права и поплаки по истото.
Пријавени се прекршувања на детските права поврзани со непримени вакцини кај деца од градинка и училиште. Врсничкото насилство е исто така една од причините за потпишани поплаки и претставки до чуварот на интересите на граѓаните.
Петар Догов