Детали од договорот Македонија – Грција

Договор за  надминување на разликите за името, нерешените прашања во врска со него и зацврстување на добрососедските односи е официјалниот наслов на документот што треба да го потпишат владите на Македонија и Грција. Во Преамбулата се наведени сите меѓународни документи според кој ќе важи, како и дека со него се потврдува меќународната граница, се зајакнува миротк, стабилноста и безбедноста во Југоситочна Европа, како и дека целта е да се зајакне довербата и добрососедските односи во регионот, да се стави крај на непријателствата, иредентизам и ревизионизам од секаков вид, но се вопоставува стратегиско партнерство во многу области.

Со Договорот се укинува Привремената Спогодба и како што веќе објавија владите во Скопје и Атина, официјалното име е Република Северна Македонија, кое ќе биде уставно име и ќе се користи ерга омнес. Скратеното име ќе биде Северна Македонија, пишува во Договорот. Националноста е Македонска, граѓани на Република Северна Македонија и јазикот е македонски. Она што е важно за македонските власти е членот 7 во кој се прави јасна дистинкција за поминот Македонија во Грција и во нашата земја.

Во Договорот точно се наведува и како ќе се менува Уставот, што треба да заврши до крајот на годинава. по што Грција ќе го ратификува заедно со членството на македонија во НАТО. Прецизно се навадени уставните измени.

И македонската и грчката страна се обврзуваат дека нема да менуваат нишпто со амандмани во нивните Устави во иднина и дека нема да се мешаат во внатрепшните работи на другата земја, вклучувајќи ги и статусот на нивните малцинства.

Личните и други документи ќе се менуваат во два транзициски периоди – технички и политички. Технички ги опфаќа сите официјални документи за меќународна употреба во период од три пет години. Политичкиот ги опфаќасите документи за внатрешна употреба со името Северна Македонија но тоа ќе се решава во текот на преговорите со Европската Унија, пет ходини по завршување на секое поглавје.

Македонија нема воопшто и никаде да го употребува на знамето од Вергина. Имињата на државните институции ќе се менуваат согласно новото име Република Сееверна Македонија. За употреба на ова име во комерцијални цели ќе се одлучува дополнително.

Во Договорот се наведува и дека ќе биде формирана експертсвка комнисија од пшретставници на двете земји која ќе ги разгледува историските настани и докоплклу има потреба ќе се врши ревизија на учебнмиците. Со овој документ се региулира и соработката во економијата, науката, културатаздравството, обраната и други области.

Сања Васиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ