
Десковска за ДВ: Иванов не може да амнестира
„Постојат две причини поради кои не може да се води постапка за помилување од страна на шефот на државата“, вели за Дојче Веле министерката за правда, Рената Тренеска- Дескоска.
„Прво, постапката може да се води единствено преку министерството за правда, со оглед дека нема законска основа за помилување без претходна постапка во нашето министерство.
Избришан е членот 11 од законот за помилување кој претходно предвидуваше таква постапка од страна на претседателот, а и со укинувачка одлука на уставниот суд во 2016 година тој член не е ‘оживеан’, односно не постои во правниот систем на нашата држава“, објаснува министерката..
Втората пречка произлегува од фактот што се распишани претседателски избори, а во тој период не може да се даваат помилувања.. Телма веќе информираше дека во кабинетот на Иванов во петокот попладне стигнало ново барање за помилувања за крвавиот четврток за осуденици од 27-ми април.