Десковска потврди: Дел од пратениците против СЈО

Законот за СЈО блокиран, дел од пратениците се против. Министерката за правда Рената Десковска одбегна да спомене имиња на пратеници или партии, а официјално потврди дека не добила зелено светло од Собранието за законот да ја продолжи процедурата.

Предвидениот рок за негово донесување 18 март се наближува, а веќе се внесени и заебелешките од меѓуанрдоната заедница. СЈО, влегува во Јавнотот обвинителство ако 80 пратеници кренат рака. Десковска тврди дека во новиот модел впишан со законот, нема да се остави простор никој да биде амнестиран.

Со последната нацрт верзија е предвидено СЈО да продолжи да ги води и обвиненијата и истрагите отворени по 30 јуни 2017 со што со закон се надминува начелното правно мислење на Врховниот суд дека за овие предмети СЈО му е истечен рокот. Претседателот на Здружение на судии и судија во Врховниот суд, Џемали Саити одговарајќи на новинарско прашање рече дека Врховниот суд не го обезглавило СЈО, и дека одлуката е во согласнсот на судската пракса на врховен.

Одлуката на Врховен го замрзна и предметот „Талир“ на СЈО, но најмногу дилеми и отворени прашња се поврзани околу бомбите. Засега неспорно е дека бомбите кои не биле користени како докази ќе бидат уништени една година откако правосилно ќе завршат сите судски постапки исто како што се постапува со посебните истражни мерки.  Предметите на СЈО до сега опфатија голем број на политичари од власта и од опозицијата, а експертите предупредија да не се дозволи и овој закон да биде кроен според потреби и интересите на поединици.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ