
Дескоска- треба да се направи напор за да се формира Антикорупциска пред изборите
Доколку има предвремени парламентарни избори неопходно е да има и анткиорупциска комисија која ке го контролира изборниот процес, бараат од платформата на граѓански организации за борба против корупција. Ако не се стаса да се формира по новиот закон кој се уште е во фаза на јавна расправа, невладините предлагаат да се избере антикорупциска според актуелниот закон.
Министерката за правда Рената Дескоска не сакаше да коментира која опција е поверојатна- дали ќе има уставни измени или пак ќе се рапсушти на собрнаието. Доколку се оди на предвремени избори Дескоска смета дека треба да се направи напор за да се формира Антикорупциска комисија но вели тоа е процес во надлежност на собранието.
Невладините се залагаат со измените на законот за спречување на корупција кои подговтвуваатда се воспостави ново професионално тело за борба портив корупцијата кое ќе биде независно ефикасно ќе иницира постапки, а челновите треба да бидат компетентни и со интегритет без партиски влијанија.
Граѓанските асоцијации кои учествуваат во јавната расправа им порачаа на политичките партии дека е неприфатливо членовите на државната комисија за спречување на корупција да бидат предмет на мегупартиски преговори. И министерката и невладините го потенцираат тоа што услов за идните челнови е да не биле на политичка функција последните 10 години ниту да биле партиски донатори. Изборот и интервјуирањето во собранието треба да се врши јавно.
Елена Ивановска Муковска