
Дескоска: Се завршува Законот за средно образование, наскоро ќе го ставиме на јавна дебата
Законот за основно образование е објавен на веб-страницата на министерството за образование, а деновиве се завршува законот за средно образование и ќе биде ставен на јавна дебата, информираше вечерва во Топ Тема на Ваша страна министерката Рената Дескоска. Таа за слабите резултати на македонските ученици на тестот ПИСА рече дека се делумно резултат и на тоа што учениците не го ни решавале тестот до крај.
„Во некои училишта наставниците им кажувале на учениците дека тестот не е битен и дека не мора да го решеваат до крај“, рече Дескоска.
Таа констатираше дека има сериозни пропусти во изминатиот период во образовниот процес, пред се начинот на учење, на пренесување на материјалот на учениците. Според Дескоска често квантитетот, обемниот наставен план, не резултирал со квалитет. Притоа министерката најави дека со новите наставни планови ќе се почне од септември.
Таа објасни дека Кембриџот во основно образование не е укинат, но не е дозволено да влезе во средното бидејќи немало услови за тоа. За да се создадат услови оваа програма да влезе и во средните училишта ќе се почнедел по дел да се опремуваме училиштата за да можат учениците практично да видат што учат, како што предвидува оваа програма. За основното образование пак ќе се направата анализи за да се види по кои предмети Кембриџ програмата ќе остане, а каде ќе се исфрли.
На прашањата за измените кои ги очекуваат наставниците таа информираше дека предвиднео е намалување на фондот на часови на наставниците. За оделенска настава предвидено е да има од 18 до 23 часа. Дескоска изјави дека намалувањето на фондот на часовите за наставниците не значи и нивно бркање од работа.
Друга измена која ќе ги опфати наставниците е водењето на е-дневникот.
„Е-дневник ќе може да врши, да ги пополнува за своите колеги, наставник кој нема доволен фонд часови, а за тоа ќе добива дополнителен број часови“, изјави Дескоска.
За смената на наставниците на кои им истекол договорот со други, што не ретко се користи за партиски вработувања Дескоска рече дека Министерството не е тоа кое приме или не наставници, туку директорите на училиштатат кои се под општините, а оти Министерстовото само дава согласнот дека е потребно вработување.
„Ние како минстерство побаравме Владата да ја смени одлуката наставниците да бидат вработувани на определено време, туку да се примаат на неопределно време“, рече Дескоска.
За условоте т.е. лошата состојба на голем дел од училиштата во Македонија Дескоска во Топ Тема на Ваша страна рече дека во некои училишта состојбата е многу лоша.
„Некаде училиштата се распаѓаат. Побарав да ми се даде список на училишта кои се најзагрозени. Дел од парите за нивно обновување ќе се наоѓаат од владата, некои со пренамена на средства, а дел ќе се побараат и од општините да помогнат“, изјави Дескоска.