Дескоска номинирана за член на Венецијанската комисија, наместо Каракамишева

Професорката и министерка за правда, Рената Дескоска е номинирана да биде член на Венецијанската комисија, каде досега државата ја претставуваше професорката Тања Каракамишева. Дескоска ја потврди одлуката на Владата и дополни дека се надева оти ќе може да го усогласи законодавството на Македонија со европското. Таа тврди дека не е спорно што Владата номинирала министер за да биде член на комисијата.

„Земјите кои често праќаат закони на мислење до Венецијанската комисија, избираат да номинираат за свои претставници министри, заменици министри или државни секретари, доколку истите ги исполнуваат условите, заради подиректна соработка со комисијата и целосна и искрена размена на ставови. Таков е примерот на Црна Гора која за свои претставници ги има министрите за правда и за надворешни работи, Србија чиј претставник е заменик министерот за правда, Романија, Унгарија. Секако, во моментов одлуката на Владата е само номинација“, напиша Дескоска.

Каракамишева беше делегирана во Венецијанската комисија како правен експерт од претходната влада на Никола Груевски. Таа е член од јануари 2016 година, на местото од професорката Гордана Силјановска-Давкова.

Членовите на Венецијанската комисија имаат мандат од четири години.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ